A fine WordPress.com site

Posts tagged ‘демографска рецесија’

ДЕМОГРАФСКА РЕЦЕСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Последниве децении  Република Македонија се соочува со повеќе проблеми кои се поврзани со населението. Стапката  на наталитет се намалува, а бројот на стари лица се зголемува. Од постојните економско-социјални состојби произлегуваат бројни предизвици кои директно влијаат врз демографските трендови во земјава. Се повеќе се намалува бројот на млади луѓе кои ја градат структурата на населението.Постои голема регионална нерамномерност во растот на населението и големи разлики помеѓу руралните и урбаните средини.

Сл.1    Сруктура на населението по возрасни групи,Република Македонија 2006-2030 (Извор:ДЗС)

Ваквиот тренд е очекуван, со оглед на фактот дека возраста на населението е директно зависна од демографските феномени (фертилитетот, морталитетот и миграциите).Како резултат на овие процеси за помалку од шеесет години, македонското население прескокна дури три стадиуми на демографското стареење и денес се наоѓа во состојба на демографска старост.

Трендот на постојано намалување на фертилитетот е воочлив во последната деценија од дваесеттиот век и денес Република Македонија се наоѓа на граница на многу низок фертилитет (ТФР под 1,5) и таканаречена сигурна зона (ТФР над 1,5). Ова се должи повеќе на одложеното стапување во брак во повозрасните години, отколку на намалувањето на бројот на склучени бракови. Одложувањето на бракот е поради отежнатите економски и социјални услови и поради зголемување на бројот на жени кои даваат приоритет на своето образование и градење на кариера.

Емиграцијата има силно негативно влијание врз репродукцијата на населението. Вработувањето на младите, вклчувајќи ги и оние со повисоко ниво на образование, останува сериозен проблем со цел намалување на младата емиграција, во светот позната како одлив на мозоци. Со намалување на емиграцијата во значајна мера ќе се намалат последиците кои го предизвикуваат процесот на демографското стареење на вкупната популација.

За да ја побуди свеста кај народот за овој проблем во Република Македонија, истапи и здружението на граѓански организации ’’Коалиција за живот’’. Тие апелираа до граѓаните, семејствата, младите луѓе, власта, бизнис заедницата и до сите останати кои можата да дадат придонес за надминување на овој проблам.

-Ова е обврска за сите нас! Тука мора да бидеме сите сплотени,не само ние како здруженија,туку треба сите да се мобилизираме и заеднички да делуваме,без разлика на верската,религиската,половата,политичката или било каков друг вид на припадност.Потребно е сериозно да се свати овој проблем,да се размислува во насока на преземање мерки и активности за да се обезбеди одржлива стапка на раст на популацијата и таа да трае и да се пренесува на идните поколенија.Ние ќе ја поддржиме секоја мерка и иницијатива за којашто е предвиден позитивен ефект по ова прашање,одосно проблем-истакна  на прес конференцијата ,која се одржа на 3 ноември 2012 ,здружението “Коалиција за живот’’.

На свечената академија која што се одржа по повод празникот 23 Октомври-Ден на Македонската Револуционерна Борба, премиерот Никола Груевски истакна:

-Треба јасно да се запрашаме себеси: Кој пат ќе го одбереме,патот на опстанок или патот на исчезнување? Семејните вредности или декаденцијата? Заедништвото или себичноста? Децата или осаменоста? Треба сериозно да се замислиме пред овие прашања. Без луѓе-нема општини.

Како премиер на Република Македонија,должен сум да кажам дека сегашниот број на родени деца е недоволен за одржување на населението на Република Македонија.Со фертилитет од 1,4 деца родени по жена,ние сме соочени со сигурен пад на бројот на жители. За одржување на популацијата минимумот е 2,1 родено дете по жена.

Нема економија без потрошувачи! Нема образование без ученици! Нема предучилишни установи без деца! Нема општини без луѓе! Нема држава без народ! Потребна е нашата лична одлука, дека децата се нашиот приоритет број еден. Лична одлука дека сме подготвени да ги живееме семејните вредности! Не смееме да ги напуштиме традиционалните вредности на нашиот народ и нашата држава, туку треба да ги промовираме и да ги негуваме. Модернизмот е неопходен во науката и технологијата, но кај вредностите-неопходност е традицијата. Зад нас ќе останат нашите дела и нашите потомци, нашите деца, внуци и правнуци. Тие се нашето најголемо богатство!

Владата на Република Македонија воспостави различни економски мерки, но анализите покажуваат дека економската стимулација не е основниот начин врз основа на кој може да се стимулираат семејства. Министерството за Труд и Социјална Политика  изготви и стратегија за демографски развоја на населението во Република Македонија.Сега се  работи на нов пакет мерки и активности кои треба да помогнат во зголемувањето на наталитетот, односно директна борба со мерки против стареењето на населението и демографската рецесија со која се соочуваме последниве години.