A fine WordPress.com site

Posts tagged ‘информафивни’

Информативни магазини

МРТ

МРТ

Јавниот радио-дифузен сервис Македонска Радио Телевизија креира и емитува висококвалитетни програми со цел да се поттикне, развива и промовира креативноста, јазикот, културата и идентитетот на Македонија и мултиетничките заедници кои живеат во неа, со висока организациона култура и програмска совршеност. Програмата составена од  културни, образовни, научни, забавни и спортски содржини е од јавен интерес, претставува јавно добро достапно за сите гледачи и преку неа се рефлектира општествениот и културниот плурализам во Македонија.

     Програмите на Првиот програмски сервис се наменети за информирање, образование, култура, забава и спорт и ова правило се почитува од самото негово оснoвање.

Столб на програмските содржини е информативната програма која изготвува брзи и веродостојни информации. Следејќи ги трендовите, актуелно-информативната програма постојано се надградува и на јавноста и нуди актуелни теми кои се застапени во високо квалитетни и креативно обликувани емисии. Јавниот сервис ги почитува разликите помеѓу информациите и коментарите, но и границата помеѓу кичот и квалитетот. Тој е квалитетен медиум  кој  јасно ја дефинира програмско-уредувачката политика, на чело со врвни креатори и новинари. Програмските креатори на информативната програма се стремат во магазинските емисии да ги рефлектираат сите важни општествени прашања, битни за развојот на општеството (културата, економијата, политиката, образованието).

getImageThumbnail    Имајќи ја предвид публиката која го заслужува само најдоброто, Информативната програма на Првиот програмски сервис се стреми за совршенство во секоја магазинска емисија. Треба да се постигне внатрешен консензус за темелна изработка на овие емисии и тимовите со својата работа да се посветат кон севкупната цел – обезбедување на најдобри информативни магазински содржини за јавноста. За таа цел потребни се промени во постоечките содржини и воведување на нови информативно-магазински емисии. За да се зголеми кредибилитетот и да се подобри квалитетот потребна е стратегија која би се засновала на радикални потези и одлуки кои одговараат на профилот на јавниот медиум и кои ќе го задоволат критериумот за квалитет. Информативните магазини не се нешто што мора да и се понуди на јавноста, туку нешто што вреди да се види и да се слушне и во кои се  рефлектираат случувањата и животот во земјата и пошироко.

mktv1

http://youtu.be/mK0InNhcIkA